Украинскиот министер за одбрана Валериј Гелетеј предупредува дека светот го демне “голема војна” во која може да настрадаат десетици илјади луѓе.
„Голема војна стигна пред нашиот праг… каква Европа нема видено уште од Втората светска војна“, напиша на својот налог на Фејсбук украинскиот министер за одбрана, а пренесуваат француските медиуми.
„За несреќа, загубите во таквата војна нема да се мерат со стотици, туку со илјадници и десетици илјади погинати“, напиша Валериј Гелетеј.
Украинската криза почна од средината на април и до сега на истокот на земјата, каде живее главно руско население, настрадаа околу 2.600 лица.