Големо признание на „ловецот“ на Бигфут


Самопрогласениот „Најдобар ловец во светот на Бигфут Рик Дајер признa дека неговото откритие на ова митско суштество е лага.

– Бигфут е 100 отсто вистински. Тука нема сомневање. Ќе заминам во историјата запамтен како најдобар трагач по Бигфут во светот, рече Дајер во февруари 2013 година.

suit-bigfotНо сега, во една објава на неговиот Фајсбук профил Дајер напиша дека признава се што е потребно за да почне од почеток чист. – Од овој момент ја зборувам само вистината. Нема веќе лаги, напиша тој.

Неговата Бигфут фантазија започнала во 2012 година откако човекот кој прв го пронашол Бигфут во 2008 година признал дека е измама кога тврдел дека го открил ова митско суштество во Тексас. Неименуван универзит наводно тоа го потврдил, според ДНК анализите, дека суштеството кое Дајер го пронашол навистина е од непознато потекло. Со оглед на тоа дека целосен извештај никогаш не е објавен во јавноста, Дајер конечно призна дека тоа не е вистина, пренесува „Хафингтон пост“.

Дајер тврдеше дека им понудил на научниците да спроведат тестирања над телото на суштеството, но никакви податоци за тоа не предочи, ниту ДНК, ни како 3Д оптички резултати.

bigfut-02_fОдговорот на прашањето зошто, можеби лежи и во бламажата која ја доживеал во 2008 година кога тој и неговиот соработник се откриени дека на јавноста сакале да и продадат приказна за телото на Бигфут кои го имаат и за кое се покажа дека не е ништо повеќе од обичен гумен костум на мајмун.

– Моите сомнежи поврзани со автентичноста на тоа суштество почнуваат да се остваруваат, напиша Ендрју Клејси, деловниот партнер на Дајер за турнејата во која Бугфут под името Хенк патувал низ Америка, за да го видат што поголем број на луѓе.

– Кога го соочив Дајер со своите сомневања, отворено ми призна се. Ми рече дека Хенк всушност не е вистинско суштество, туку кукла која ја изработила една компанија на која Дајер и платил да ја направат, рече Клејси и додаде:

bigfut-01_f– Кога разбрав дека сето тоа е лага, не можев повеќе да ја продолжам соработката со Дајер поради морални и етички причини.

Креаторот на Хенк Крис Рушер изјави дека го изработил телото незнаејќи дека Дајер на него планира да заработува пари. Нему му било речено дека Хенк му е потребен за снимање на филм со Бигфут. Со Дајер потпиша договор каде строго е наведено дека неговото име никогаш нема да го открие.

– Според договорот требав доживотно да молчам, освен ако го слушнам тајниот ког, кој беше „Projekt Footprint“. Тој код значеше дека смеам да откријам како сум го направил ова тело на лажниот Бигфут, рече Рушер.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1