Лекарите во Кина откриле термометар во внатрешноста на белите дробови на една жена. Жената пред 40 години односно кога имала 12 години случајно го проголтала термометарот, додека нејзините родители и мереле температура.
Нејзиното семејство, немало доволно пари за операција па не ја однеле на лекар, а со оглед на фактот дека по 44 години немала компликации, термометар е заборавен.
За време на рутински преглед лекарите се запрепастиле кога го виделе. Сега ќе и биде отстранет со хируршка интервенција. Лекарите се грижат бидејќи термометарот е во неа 40 години и при вадењето може да пукне и живата да истече во органите.