Половина човечки труп во фаза на распаѓање, бил пронајден во велешко.
Трупот го прoнашол граѓанин кој случајно поминувал по патот во близина на реката Тополка, информираат од полицијата.
Трупот бил обесен на дрво, а долниот дел го немало. Телото е предадено за обдукција и допрва ќе се утврдува полот, возраста и идентитетот, како и причините за смртта.