Сите писти на најголемиот лондонски аеродром Хитроу се затворени откако пред малку изби пожар во авионот на Етиопија ерлајнс.
Се уште нема информации за причините зошто се запалил авионот Боинг 787 Дримлајнер. Според неофицијалните информации, немало патници во авионот.
Авионот бил паркиран во моментот кога се запалил. Веднаш интервенирале пожарникарите кои успеале да го совладаат пожарот, а според медиумите штетите на авионот се видливи.