Гоце Делчев носел кече – вели Али Ахмети


Во интервју за Канал 5 Али Ахмети зборува за прославата на годишнината од албанското знаме, за нивните последни ,,провокации,, за кој тој тврди дека немале намера никого да го провоцираат туку само прославуваат. еве дел од Интервјуто во кое Ахмети потсетува дека и Гоце Делчев носел ,,кече,, во чест на албанците.

“До 1903 година за време на Крушевското востание, заложбите за слобода на Албанците и Македонците биле заеднички. Зошто ние не се навратиме и да се потсетиме на светлата историја на Гоце Делчев. Гоце Делчев ја ставал албанската бела капа – кече и држел митинзи пред Албанците во Битола, Прилеп и цела Македонија. И кога го прашале зошто ја става албанската бела капа тој одговорил – нашите работи се заеднички, нашето жртвување е заедничко, слободата треба да ја извојуваме заеднички и јас ова бела капа ја ставам поради почита кон моите сограѓани Албанци.

Зошто не се потсетиме на Никола Карев, Питу Гули, значи треба да ги погледнеме работите кои не зближуваат. Јас не се заканувам никому, црната рака која јас ја спомнувам е раката која тогаш дејствувала, кога е подигнато албанското знаме. Во октомври 1913 година се убиени 600 луѓе во моето родно место, во местата каде што живееле Албанците во Кичево и тоа само затоа што е подигнато тоа знаме и тоа не против волјата на сограѓаните Македонци. И овие масакри не биле направени од страна на македонските сограѓани, туку црната рака на „Мане касапот“ која беше регрутирана од страна на српската кралска војска”, говори Ахмети во интервју за телевизијата „Канал 5“.

Според него, подигање на знамето е во чест на сите тие жртви, маченици, во чест на сите тие 600 души кои се масакрирани пред 100 години.

“Ниту праќаме некоја закана, туку ние прославуваме затоа што ова е еден многу значаен момент за нас Албанците и мислам дека и за нашите сограѓани ова треба да биде еден значаен момент, за тие да се солидаризираат со нас во овие значајни денови. Ние немаме никакви претензии за поделба на Македонија затоа што Македонија е наша држава, Македонија е наша земја, Македонија е наша татковина, нашите предци биле овде, а и нашата иднина е овде и таа треба да ја градиме, нашата иднина е заедничка”, порача Ахмети во интервјуто за „Канал5“.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1