Разбојници ограбиле обложувачница во скопската населба Ново Лисиче. Тие ѝ се заканиле на вработената со сатар, а од касата украле 100.000 денари.
Како што информира полицијата, кражбата во обложувачницата лоцирана на булеварот „Видое Смилевски Бато“ била пријавена вчеравечер.
Според пријавата, две непознати лица, заканувајќи ѝ се со сатар на вработената, украле околу 100.000 денари.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.