Грчкото МНР: Инцидент нема, случајот е морбидна фантазија – Сиљан уште тврди дека настанот е вистина


Министерството за надворешни работи на Грција ги отфрла информациите дека во Солун се случил инцидент во кој починал македонскиот студент Александар Самарџиев, јавува дописникот на МТВ и Нет Прес.

 

Портпаролот на грчкото Министерство, Григорис Делавекурас вели дека таков инцидент се нема случено и оти според него тоа е морбидна фантазија. Тој ја повика Владата да биде, како што рече “попретпазлива и да не остава простор за вештачко заострување и пораст на национализам“.

Информација за настанот во кој починал Самарџиев откако беше претепан од припадници на “Златна зора“, немаат ниту македонската Амбасада во Атина, ниту партијата на Македонците во Грција “Виножито“.

Од друга страна Стиљан Самарџиев сеуште тврди дека неговиот братучед е убиен. Нова Македонија успеала да стапи во контакт со него. Еве што им изјавил Стиљан.

Во денешниот разговор со Стилјан Самарџиев, за весникот “Нова Македонија” вели дека настанот постои и се случил. Дека неговиот братучед е претепан по што починал, не ни даде сигурна и веродостојна потврда дека е се случило убиството на неговиот братучед.

– Вистина е ова. Јас прв дознав кога мајката на Александар, мојот братучед, ми с е јави и ми рече под итно да заминам за Солун каде е повреден братучед ми. Но по немилиот настан семејството ме замоли да не давам никакви изјави и да молчам затоа што се плашат од додатни проблеми од Грците. Александар студираше на факултет во Солун и имаше 19 години. Потекнува од село кое се наоѓа меѓу Воден и Солун – ни изјави Стилјан Самарџиев во разговор за случај на убиство на македонец во Грција, за кој се уште нема официјална потврда, од грчките власти.

Тој не дава повеќе информации за случката со образложение дека со тоа ќе предизвика поголеми несакани последици.

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1