Грешка на такси компанијата го спаси Брисел: Недоразбирањето спречи поголема катастрофа!


Тројцата терористи кои се одговорни за крвавиот пир во Брисел се упатиле кон аеродромот Завентем со такси. Имено, тие побарале од такси компанијата да ги земе комбе, но бидејќи диспечерот не разбрал точно по нив дошол „седан“. Како што пренесува белгискиот портал „Dhnet“, терористите поради оваа грешка морале да земат со себе само дел од експлозивот и другиот материјал планирани за нападот.brisel-teroristite-640x432

Тоа го потврдува и рацијата која полицијата ја спроведе синоќа во градот Шарбек. Пронајдена е и четврта бомба која била мошне моќна и со голем степен на ризик внимателно била демонтирана. Доколку таа бомба била активирана на аеродромот Завентем можела да го разнесе целиот блок.

Полицијата соопшти дека бомбата е направена во „домашна работилница“.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1