Грипот коси – за една недела заболени над 2.000 лица!


Грипот зема залет. Се полнат амбулантите во земјата. За една недела регистрирани се преку 2000 нови случаи. Последните податоци на Институтот за јавно здравје говорат дека се зголемува бројот на заболени во Скопје, но и натаму најмногу работа имаат лекарите во Тетово, а најмалку беровските. Таму нема ниту еден заболен од грип. 

pacient kniska zdravstvo

Состојбата со грипот својата кулминација ќе ја доживее за околу две недели, прогнозираат лекарите. На удар се лицата со послаб имунитет, кои тешко ги поднесуваат честите температурни промени. Сериозни форми на болеста нема, досега не е регистриран ниту еден смртен случај.

Од почетокот на сезоната на грип досега се регисрирани вкупно 10,545 лица. Лекарите апелираат граѓаните да не посегнуват по антибиотици по секоја цена, бидејќи тие не можат да го победат вирусот. При појава на симптоми на грип помош да побараат во најблиската амбуланта и терапија да примаат единствно по лекарска препорака.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1