Грција бара оштета од Германија за злосторствата што им ги направил Хитлер


Грција се закани дека ќе бара милијарди фунти оштета од Германија за воените злосторства за време на Втората светска војна.

Овој потег на Грците е одговор на нивниот бес кон Германците кои постојано го затегаат ременот и бараат земјата да воведе строги мерки за штедење.

Грчкиот министер за економија изјави дека четворица експерти до крајот на годинава ќе копаат низ државните архиви и ќе пресметаат колку точно Германија и должи на Грција.

Економистите сметаат дека ако Германија и исплати на Грција она што и го должи оддамна,драматично ќе се подобри грчката финансиска ситуација.

„Грција беше оштетена премногу кога Хитлер ја окупираше, но за разлика од сите други земји со кои Германија војуваше само Грција не доби оштета.“ Историчарите велат дека според договорот од Париз од 1946 година Германија и должи на Грција 86 милијарди фунти.

Заменик министерот за економија, Христос Стаикурас изјави „Ова прашање останува отворено. Грција никогаш не се откажа од своите права“

Извор – факултети.мк

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1