Грција ги сопре сите возови од Македонија – нема железничка врска со Солун


Според информациите од Македонски железници во наредните 10 дена во прекин ќе биде железничкиот сообраќај меѓу Македонија и Грција.

За ова без претходно предупредување или образложение ги известиле Грчките Железници.

грците известувањето го испратиле и до граничните премини. Нема никакво образложение зошто во екот на летната сезона грција ги укинува возовите од Македонија. Во соопштението стои дека одлуката стапува веднаш, а за изненадување на патниците кои денеска патувале со воз тоа веднаш имало буквално значење.

Патниците на границата биле симнати од возот и со автобус пренесени до Солун. Сеуште не се знае како ќе патуваат оние патници кои имаат веќе купено карта однапред за овие 10 дена и како ќе бидат известени навреме дека нема да можат да патуваат со воз до Солун.

Сезонската линија Скопје- Солун- Скопје е единствената патничка линија.

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1