За само два дена – викендов петок и сабота во Грција се регистрирани над 35.000 громови, објави „Етнос“. Грција е зафатена од студен бран, кој предизвика невреме и обилни врнежи. А викендов и громовите го треселе грчкото тло.
Најмногу удриле во полуостровот Пелопонез и крајбрежјето на Јонското Море. Во петокот удриле над 20.000 громови, 15.000 во саботата. Громови ги удирале и вчера но помалку – околу 200.
Ова не е првпат, во минатото имало случаи кога за еден ден удриле и до 70.000 громови.