Грција на распродажба – странци купуваат куќи, острови, фирми – Еве што се е продадено


Се продаваат аеродроми, мали острови, објекти во сопственост на министерството за култура, владините авиони па дури и два стадиони- ова барем го тврди германскиот весник Билд, во текстот во кој објавува и цени за дел од недвижнините што се ставени на продажба.

Пристаништа,вклучувајќи ги и оние во Солун и Пиреа – очекувана добивка 600 милиони евра, пишува Канал 5.

greece

-14 регионални аеродроми, меѓу кои и оние на островите Родос, Крф и Кос – очекувана добивка 13 милијарди евра

– двата владини ербас авиони – цена 10 милијарди евра

– 6000 острови

-хотели

– 2500 објекти на министерството за култура, меѓу кои и олимпискиот стадион во Атина, изграден за олимпијадата во 2004та, и затворената спортска сала во областа Пиреа.

– 77332 хектари државно земјиште

– поранешната американска авио база на Крит – се дел од недвижнините кои ги објавува германскиот весник.

А целата оваа продажба би била со цел грчката влада да обезбеди износ од 50 милијарди евра како гаранција кон кредиторите за новиот заем што ќе го добие. Сепак Билд со резерва гледа на тоа дека оваа листа би била доволна за обезбедување на потребниот износ.

Анџелина Џоли и Брет Пит сериозно размислуваат да купат грчки остров во јонското море, додека пак според информациите во медиумите, американскиот актер Џони Деп веќе е сопственик на мал ненаселен остров во егејското море за кој платил над 4 милиони евра.

Сепак дел од островите и плажите што се на продажба во Грција не можат да ја наполнат државната каса, бидејќи станува збор за недвижнини кои не се во државна туку во приватна сопственост.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1