Грците ќе си пукнат – Шерлок Холмс во најновата серија ја брани Македонија (ВИДЕО)


Американската телевизиска серија Елементарно, која претставува модерна верзија на авантурите на детективот Шерлок Холмс, во финалето на својата прва сезона го вклучи спорот за името меѓу Македонија и Грција. Во епизодата, Холмс безуспешно се обидува да го спречи својот вечен непријател, професорот Мориарти во обид да саботира решение на спорот за името и прием на Македонија во Европската Унија.

bscap0002-27-Во серијата, актерот Џони Ли Милер познат од филмот Треинспотинг, го глуми модерниот Шерлок Холмс, генијален детектив кој од Англија се преселил и работи во денешен Њујорк, додека Луси Луи е женска верзија на неговиот помошник, доктор Вотсон. Улогата на Мориарти исто така е доделена на жена, актерката Натали Дормер.

Во приказната, Македонија и Грција постигнале договор за решение на спорот, и прием на Македонија во Европската Унија под името Република Нова Македонија, под услов решението да биде прифатено на референдум.

Но, Мориарти сака да го саботира референдумот и тајно има купено огромно количество македонски денари и очекува дека нивната вредност ќе порасне доколку референдумот не успее. За таа цел, таа ја киднапира ќерката на богат грчки шверцер и националист наречен Христос Теопулос.

Шерлок: Ако македонскиот референдум успее, валутата ќе се смени со еврото. Денарот ќе стане непотребен, апсолутно безвреден. А сепак пред нешто помалку од 48 часа една швајцарска банка, од името на еден свој огромен клиент, купила огромно количество од оваа валута.

Вотсон: Некој би купувал од валута што ќе исчезне?

Шерлок: Не би купувал. Освен ако планира да ги манипулира настаните и да ја спречи Македонија да влезе во ЕУ. Замисли го хаосот… ако некој роден Грк, некој што е познат по донациите за националните каузи, го убие омилениот македонски син во предвечерјето на гласањето. Старите страсти ќе се разгорат. Гласањето за преименување на државата ќе пропадне, а денарот ќе остане валута на Македонија. Неговата вредност ќе се вивне до небо.

Мориарти го уценува Теопулос да го убие Андреј Бачера, македонски лекар во Њујорк кој е син на претседателката на македонското Собрание, сметајќи дека веста за крвавото убиство од страна на познат грчки националист ќе предизвика неуспех на референдумот во Македонија.

Шерлок успева да го открие планот на Мориарти, но не успева да ја спречи во неговото остварување, Теопулос ги убива Бачера и неговата сопруга, а потоа е ликвидиран од соработник на Мориарти, но Шерлок на крајот на епизодата успева да ја зароби Мориарти.

Серијата Елементарно се дава на американскиот канал СиБиЕс, а финалето на првата сезона во кое спорот за името е дел од приказната беше прикажано на 16 мај.

Видео – Сарма.мк

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1