Груевски: Македонија е овој народ


Македонија не е ниту Груевски, ниту Зоран Заев. Ова е Македонија, овој народ. Вие сте најдобриот одговор за сите сценаристи кои цврсто веруваат дека ќе ни ги исперат мозоците.

Ова на вечерашниот народен собир пред Собранието го истакна премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Според првичните проценки, над 90.000 граѓани излегоа на народниот собир во организација на ВМРО-ДПМНЕ за стабилна и силна Македонија. И покрај тоа што митингот почна пред повеќе од еден час, групи граѓани се уште се упатуват кон собиротScreenshot_70

-Му беа кажале, а овој наивно поверувал и говореше дека за 3 дена ќе сме си заминеле со наведнати глави. Еве денес три месеци подоцна, сплотени како никогаш, цврсти како челик, решителни до бескрај им порачуваме „Нема повлекување, нема потклекнување, нема предавање, Македонија е силна! Македонија е одлучна,  Македонија пак победува. Ние победуваме. Ќе ја добиеме оваа битка “, порача Груевски.

Премиерот потенцира дека Македонија нема да дозволи да ја води политичар како Зоран Заев и дека овој човек никогаш нема да стане премиер на нашата земја.

-Нивниот инструмент кој го видовме како Струмица си ја направил пашалак, приватна фирма, крава-молзница, си вовел сопствени даноци за лично богатење, нема да ја оствари целта. Никогаш нема да биде премиер, никогаш нема да дозволи Македонија да и се случи Заев. Македонија никогаш нема да дозволи да ја водинекој кој испраќа СМС пораки кај претседателите на други политички партии каде вели дека не народот, туку некој однадвор ќе го донел на власт и не го негираше тоа. Македонија никогаш нема да го довери буџетот на таков човек и најблиските следбеници и на странски разузнавачки служби. Македонија нема да дозволи да има премиер кој ќе бара народот да ја витка кичмата. Македонија немаа да си дозволи да ја предводи човек кој со дестабилизација на државата сака да се дограби до функцијата, порача премиерот.

– Тоа што ни се случува е диктатура на политичкото малцинство поддржано од инструменти на странска служба. Македонија не е ниту Груевски или Зоран Заев. Ова е македонија, овој народ, вие сте најдобриот одговор на сите сценаристи кои цврсто веруваа дека ќе не скараат, дека ќе ни ги исперат мозоците, дека ќе не прелажат со креирани, сечени и лепени снимки, лажни воведи и наративи. Ние сме денес тројно или четири пати побројни од тие вчера, одлучни и решители до бескрај. Нема повлекување – рече тој.

– Исправени сме пред искушение да се судриме меѓу себе, тоа е наметната психолошка состојба, многу агресија, гнев, поделби. Заев не само што нема да биде премер, никогаш повеќе нема да ја добие поддршката на струмичани за градоначалник, поминаа неговите пет минути, и за струмица и за Македонија – порача тој.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1