Хакери од 119 различни адреси го нападнале МВР при јавната лицитација за возила


Вкупно 119 различни ИП адреси од повеќе држави од светот ја хакирале веб страницата на Бирото за јавни набавки во последните минути од електронската лицитација за набавка на нови автомобили на полицијата, соопшти МВР.

Единицата за компјутерски криминал ги проверува ИП адресите за да ги најде сторителите.

За време на наддавањето понудата на „Порше“ беше најниска, но аукцијата на 29-ти  август се поништи поради технички пречки во системот.

Компанијата„ Ка-Дис“ која учествуваше со моделот „сеат алтеа фритрек“, тогаш победи, но реагираше „Порше“ Македонија дека биле оневозможени да поднесат нови намалени цени во текот на последните минути од аукцијата.

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1