Пронајден мртов старец, а во неговата куќа нашле 7 милиони долари вредно злато


Откако Волтер Самаско Џуниор (69) починал во сопствениот дом во Карсон Сити, на своето конто во банката имал само 200 долари. Но, официјалните лица подоцна кои ја утврдиле неговата смрт, откриле во неговиот дом злато вредно од околу 7 милиони долари .

Соседите за смртта на старецот дознале дури по еден месец, откако почуствувале непријатна миризба. Откако ги повикале властите, било утврдено дека старецот починал од срцев удар. Соседите велат дека тој им кажал дека живеел сам и дека се криел од властите. Откако дошла екипата за да го прегледа неговиот дом, во гаражата пронашле 20 златни шипки вредни 7 милиони долари, кои датирале уште од периодот од 1849 година и било доволно да бидат наполнети две колички.

Се претпоставува дека тој и неговата мајка го чувале златото уште од 1970 година, кога се преселиле во куќата.

Share Button

Tags: , , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1