„Халмаркова“ честитка за 13 годишно девојче: „Да имаше поголеми гради ќе имаше и дечко“


Британскиот производител на честитки „Халмарк“ мораше да се извини на своите купувачи откако доби на својата адреса бројни реакции по објавата на роденденската честитка за 13 годишно девојче во која се соопштува дека би можело да има дечко доколку има поголеми гради.

– Денеска полниш 13 години! Кога би имала богат дечко тој би ти купувал дијаманти и рубини. Е, па можеби и ќе имаш еден таков следната година се разбира доколку имаш поголеми гради, пишува на роденденската честитка, која предизвика незадоволство ширум Британија.

„Халмарк“ се извини поради оваа глупост и во петокот издадоа соопштение во кое потврдија дека честитката е крајно невкусна, како и тоа дека станува збор за стара честитка која веќе долго време не е во продажба.

Инаку, оваа честитка сосема случајно ја открила една американска писателка за време на своето патување низ Британија. Ја фотографирала проблематичната честитка и ја поставила на својот Твитер профил со коментар дека луѓето од „Халмарк“ треба да се запрашаат што всушност сакаат да направат со тоа.

 

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1