Хемикалијата “Триклосан“ во сапунот, повеќе штетна отколку корисна


“Триклосан“ антибактериската состојка која е присутна во голем бриј производи за лична хигиена како течните сапуни, пастите за заби и дезодорансите, би можела да му нанесе повеќе штета, отколку корист на човечкиот организам, покажуваат резултатите од новите истражувања.

Оваа хемикалија веќе е познато дека е штетна за ендокриниот сиситем, а најновото истражување на Калифорнискиот универзитет Дејвис, покажува дека “триклосан“ е штетен и за мускулите.

До овој заклучок е дојдено откако состојката била тестирана на глувци и мали риби.

Американскиот токсиколог Ајзак Песа и неговите соработници потврдиле дека мускулите на глувците почнуваат да се грчат од истата количина на “триклосан“ која човекот ја користи за одржување на лична хигиена.

Научниците сметаат дека оваа состојка може многу лошо да влијае на хронично болните од срце.

Share Button

Tags: , , ,

Ивана Терзиевска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1