,,Бесими е храбар лидер,, – САД го подржа потегот на министерот во Слупчане


Амбасадата на САД во Македонија изрази подршка за потегот што го направи министерот Бесими при поклонувањето со 5 мина офицери на АРМ на споменикот на ОНА во Слупчане.

,Го поздравуваме храброто лидерство на министерот Бесими во претставувањето и служењето на сите граѓани на Македонија,, – велат од американската амбасада прашани како го оценуваат настанот во Слупчане каде Бесими придружуван од армиска делегација се поклони пред споменикот на загинатите припадници на ОНА. ,,Пред 11 години Македонија се соочи со опасност од крвава граѓанска војна и семејства низ целата земја се уште жалат за загубените најблиски во насилствата од 2001-тата. Потпишувањето на Охридскиот договор на 13-ти август ја избегна граѓанската војна и го трасираше патот за Македонија да напредува како унитарна, динамична и безбедна демократија. Визијата и патриотизмот на лидерите како министерот Бесими се критични за процесот на залечување на раните кај двете страни од конфликтот и и помагаат на Македонија да стане земја која го нуди ветувањето и просперитетот за сите незјини граѓани, независно од нивната етничка, религиозна или политичка определба, велат од американската амбасада

Tags: , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1