Почина Арбен Џафери


Почесниот претседател на ДПА Арбен Џафери почина попладнево во 15.50, потврдуваат од Клиниката неврохирургија, информира Макфах.

„Вчера му се влоши состојбата и како резултат на тоа, денеска во 15.50 почина“ изјави за Макфакс, заменик директорот на Клиниката за неврохирургија, Владимир Мирчевски.

“Беа преземени сите можни мерки, но за жал се случи најлошото“, изјави неврохирургот Слободан Дамјановски.

Информацијата за неговата смрт ја потврди и неговата матична партија ДПА.

Џафери минатата недела доживеа мозочен удар и беше хоспитализиран. Беше во многу тешка состојба. -Повеќе години се лекуваш и од Паркинсоновата болест, поради што и ја напушти политиката, а на претседателското место во ДПА го наследи Мендух Тачи.

Aрбен Џафери е поранешен претседател на ДПА, роден во Тетово `48 година. Завршил Филозофски факултет.

Арбен Џафери почина на 64 години.  Својот живот го посвети на политиката но и новинарството.

До 18-ти април 1995 беше претседател на првата Албанска политичка партија – ПДП. На вторите парламентарни избори во 1994 година беше избран како независен пратеник а потоа како пратеник од редовите на ДПА. Неговите излагања за македонското државно уредување и односите помеѓу Македонците и Албанците, секогаш за сметале за контроверзни.

Арбен Џафери исто така е еден од потписниците на Охридскиот рамковен договор кој беше потпишан на 13 август 2001 година, со цел да се стави крај на етничките конфликти во Македонија. Заедно со него, договорот го потпишаа тогашниот претседател на Република Македонија Борис Трајковски, поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Љупчо Георгиевски, претседателот на ПДП Имер Имери, и претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски. Потписници на договорот, во својство на гаранти, се и специјалните претставници на ЕУ и САД, Франсоа Леотар и Џејмс Пердју, кои учествуваа во преговорите

-Врз основа на одредбите од Рамковниот договор, јас избрав во овој момент да говорам на мојот јазик“, изјави Џафери, по потпишувањето на договорот.

Оваа постапка предизвика негодување кај повеќето политичките лидери, а некои од нив ја напуштија манифестацијата.

По долгите превирања на политичката сцена, Џафери изјави дека се покајал за “карикатуралниот рамковен договор“ и дека го повлекува својот потпис.

Неговото семејство, сопругата и децата долго време живеат во Швајцарија, а тој живееше сам, во куќата во Тетово.

Share Button

Tags: , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1