Со измените на Кривичниот законик, ќе се воведе хемиска кастрација за педофилите, а затворските казни ќе се зголемат, најави министерот за труд и социјална политика Диме Спасов
Досега има 139 осудени лица со правосилна пресуда за педофилија. Од нив 35 лица добиле затворска казна од 4 години, просечната казна е 6 години и ова е доволен аргумент за ниските казни. Поради тоа предложивме антитестостеронски третман, односно посебен медицински третман за да се спречат сторителите во иднина да ги повторат делата – рече Спасов.
За потешките форми на педофилија предвидена ќе биде доживотна казна. допрва ќе се расправа и ќе се дефинира како ќе се комбинираат мерките на затворската казна со хемиската кастрација и посочи искуства на други држави каде, како што рече, доколку сторителот се согласи на хемиска кастрација, му се намалува затворската казна.
– Инјекцијата колку што сум запознаен се прима на 3-6 месеци. Посебниот медицински третман од 2009 година го има во Полска, од 2012 година во Молдавија, во Естонија, Јужна Кореја, Русија, Велика Британија, Франција, Германија и така натаму – рече Спасов.
Плус Инфо