Холанѓаните во 2013 ќе возат по ,,паметни,, автопати. Ќе градат нова генерација „паметни патишта“, кои светат во темница.
Светлечкиот пат ќе има на него и индикатори за какво е времетто – ако свети снегулка значи дека треба внимателно да се вози поради моженост за лизгави патишта.
,, Еден ден седев во својот автомобил и помислив како толку пари се даваат за патишта а никој не се сетил и не му е гајле како се ,,однесуваат,, патиштата,, изјавил дизајнерот на паметните автопати Дан Росгард.
Патот ќе е означен со специјален светлечи прав, а како што пренесува порталот „Wired“, оваа материја ќе се полни со сончева енергија која ноќе ќе може да сјае – сјаењето би можело да се задржи повеќе од 10 часа. Со специјална боја ќе се обележат и знаковите како снегулка, сонце, дожд – кои ќе се дополнителна информација за временските услови.