Рак на дојка: Осум работи кои можете да ги направите за да го спречите


Ова се неколку совети за присвојување на здрави навики кои би спречиле појава на сериозни болести

Не дозволувајте таложење на маснотии на стомакот

Научниците тврдат дека постои врска помеѓу маснотиите кои се таложат околу половината и појавата на ракот на дојка. Вишокот килограми го поттикнува лачењето на естрогенот, а вишокот на овој хормон може да доведе до малигни заболувања. Не мора да сте слаби како даска, но посветете повеќе внимание на маснотиите на вашиот стомак со тоа што ќе го намалите внесот на јаглехидрати (бел леб, тестенини) и ќе посветите дел од своето време на брзо пешачење и трчање. Истражувањата покажуваат дека намалување на 5% од тежината кај полните жени може да го намали ризикот од рак на дојка за 25%.

Раѓајте деца

Што порано основате семејство, тоа помал станува ризикот од ракот на дојка. Жени кои забременуваат во своите рани 20-ти години маат помала шанса да заболат од рак на дојка за разлика од оние кои прв пат забременуваат во своите 30-ти. Со скоја следна бременост шансата за добивање рак се намалува.

Витамин Д3

Недостаток од сончева светлина доведува до намалено производтсво на овој витамин кој игра голема улога во борбата против тумор. Доколу се наоѓате во оваа ризична група, побарајте од вашиот лекар да ви направи крвна анализа. Доколку нивото на Д3 е со пониска вредност од нормалната, почнете да го зимате во форма на таблети.

Јадете зеленчук

Ракот на дојка можете да го спречите со внимателен избор на храната што ја јадете. Лекарите велат дека тоа што е добро за вашето срце, добро е и за вашите гради. Избегнувајте шеќери, црвено месо, пржена и сувомесната храна, наместо тоа зголемете го внесот на влакна кои ги има во овошјето, зеленчукот и мешункастите и зрнестите растенија. Брокулата, зелката и карфиолот играат исто така голема улога во борбата против ракот на дојка.

Одете во кревет на време

Лоша вест за жените кои работат трета смена. Не одењето во кревет на време и работењето доцна навечер го зголемува ризикот од рак на дојка за 30 до 60 %. Станува збор за веќе споменатата улога на сончевата светлина и недостатокот од мелатонин, а накачување на нивото на естроген.

Редовно проверувајте ги своите гради

За жал многу жени кои и покрај тоа што се запознаени со техниката на самопреглед, тоа не го прават еднаш месечно како што е препорачано. Како резултат од тоа, речиси 80% од жените кои се јавуваат на лекар веќе се во подоцнежен статиум од болеста и неретко потребно е да се изврши ампутација на дојката, а за жал смртните случаи се исто така многу чести. Редовно проверувајте ги своите гради, посетувајте го гинекологот барем еднаш во неколку месеци, и доколку имате било какви сомнежи одете на мамографија.

Намалете ги шеќерите

Освен што ќе го намалите ризикот од дијабетес тип 2, редовната контрола на нивото на шеќер може да ве спаси од рак на дојка. Истражувањата покажуваат кај дека жените кои имаат проблем со шеќерот, ризикот за рак на дојка е за 40% зголемен.

Избегнувајте „снимање“

Непотребно одење на рендген, скенер, нуклеарна терапија и флуроскопија – методи кои работат на принцип на радиоактивни бранови – ги зголемуваат ризиците за заболување од повеќе типови на тумор. Секогаш консултирајте се со лекарот за тоа дали е таквот преглед неопходен, и доколку е можно изберете алтернатива во вид на магнетна резонанца или ултразвучна дијагностика.

Share Button
Ирма Башеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1