Бензините поевтини за 4,5 – дизелот за 1,5 денари


Бензините од ноќеска на полноќ ќе се продаваат по  пониски. Малопродажните цени на бензините  БС-95 и на БС-98 се намалуваат за 4,50 денари за литар, на дизелот за 1,5 денари, а на екстралесното масло за домаќинство – за 2 денари за литар.

Еуросупер 95 ќе има цена од 78,50 денари, а 98 октани – 80,50 денари.

Еуродизелот ќе се продава за 72 денари за литар, а маслото за домаќинство по цена од 60,50 денари. Мазутот е со цена од 42,417 денари.

Според Регулаторна, намалувањето се должи на падот на цената на суровата нафта на светските берзи во изминативе две недели за 4,93 отсто.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1