Двете мали ќерки на познатиот концертен пијанист Вадим Холоденко се пронајдени мртви во куќата на неговата сопруга во Тексас.
Убиени се петгодишната Ника и едногодишната Михела, а поранешната сопруга на Холоденко, Софија Циганкова (31), е префрлена во болница на лекување поради рани од нож.
Раните не се критични, рекол денес шефот на полицијата во местото Бенбрук, Дејвид Бебкок, и потврдил дека девојчињата не биле избодени, а причината за нивната смрт сè уште не е позната, пишува „The Guardian“.
На куќата немало знаци од насилно влегување, а Бебкок не навел кој ја повикал полицијата во куќата во Форт Ворт, во која живеела Циганкова со двете малечки ќерки.
Исто така, шефот на полицијата изјавил дека Холоденко, кој е роден во Украина, соработува со детективите. Засега никој не е уапсен поради смртта на девојчињата, а моментално ниту Холоденко, ниту неговата сопруга не се осомничени, пишува „CBS News”.
Како што известуваат медиумите во Америка, токму Холоденко е тој кој ги пронашол телата на своите деца и поранешната сопруга во куќата кога отишол да ги посети.
Reporter.mk