Хорор: Олимпиец го преполовија тегови тешки 200 килограми


Рацете и нозете не издржаа, теговите паднаа, а Германецот успеа да ја повлече главата во последен момент.

Дигањето тегови може да биде доста опасен спорт. Германецот Матијаш Штајнер имаше среќа и помина без повреди, а можеше да биде и многу поопасно, па дури и кобно по неговиот живот.

Штајнер дигаше 196 килограми, успеа да ги поткрене, но кога требаше да ги дигне рацете високо над главата, следуваше шок. Рацете и нозете не издржаа, теговите паднаа, а Германецот успеа да ја повлече главата во последен момент.

Ударот од шипката можеше да му нанесе тешки повреди, опасни по живот. Теговите му паднаа на нозете, но по неколку минути беше јасно дека Штајнер е добро. Ова беше прв инцидент кога се во прашање дигањето на тегови на ОИ.

Tags: , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1