Топлиот бран кој ја зафати Австралија, предизвика вистински „дожд“ од мртви лилјаци во неколку градови на североистокот на земјата
Според пишувањето на британски „Телеграф“, околу 100.000 лилјаци паднале и починале на дрвјата и на земјата, ширејќи неподнослива миризба.
-Штом живата на термометарот надмине 43 степени, лилјаците започнуваат да паѓаат од небото- изјави претставничката на локалната организација за заштита на диви животни.
Здравствените работници ги предупредуваат жителите да не го допираат лилјаците, поради опасност од зарази.
-Многу е важно да не се поминува и да не се допираат животните, поради опасност од беснило- наведе таа, додавајќи дека неколку лица здобиле гребаници и биле гризнати од лилјаците. Властите испратија специјални екипи за да ги соберат животните.