Хорор во училиште – На дете 8 одделение – Му кршеле прсти и го терале да пие урина


Вистински хорор осмоодделенец со месеци поминувал во училиште во Нови Сад, откако четири насилници од училиштето З.М Д.Р: Б.К. и Џ.Б. со месеци го тепале, малтретирале, и приморувале да пие урина. За српскиот Блиц, огорчената мајка на момчето вели дека тоа поминало низ ужасна тортура од соучениците.skolo vnatre
Насилниците го тепале, го приморувале да пие урина, му ги гмечеле прстите, а сето тоа го снимале и објавувале на Јутјуб. Мајката за голготата низ која поминува нејзиното дете, чиј идентитет поради чувствителноста на настанот не се открива, дознала пред седум дена и веднаш превзела мерки.

– Го тепале со ремени и со раце. Ме викнаа во школото, а таму имаше и полиција и Итна помош. Не можев да си дојдам на себе. Имаше модринки, нагмечен прст, плачеше, а потоа ми призна што му прават соучениците, иако прво ми рече дека прстот го повредил на часот по физичка култура, вели мајката за српскиот портал. Тие на момчето му се заканувале со ножеви и запалки ако каже некому.

Од ударите малолетникот се здобил со хематоми на рацете и нозете. Мајката е шокирана и од тоа што се случувало и од тоа што сите деца молчеле, па дури и снимале и објавувале на Јутјуб.

Мајката се жали и на наставниците бидејќи во школото има видео надзор. Таа е огорчена како некој можел да премолчи ваква тортура на дете. Насилниците уринирале во шише па го присилувале детето да пие пред нив.

Таа вели дека сите ќе сносат последици. Случајот е пријавен.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1