Хотел ала Дубаи ќе се гради во Охрид (Фото)


„Сахарајан Македонија“ е проектот што индиската компанија „Сахара Индија Паривар“ ќе го реализира во Македонија. Предлогот за инвестицијата е доставен до македонскиот премиер Никола Груевски и вицепремиерот Зоран Ставрески на 20-ти овој месец

 

– Ни претставува голема привилегија што по неколкумесечни подготовки ја составивме визијата на нашиот претседател Субрата Рој за локација од светска класа во градот Охрид и ќе ја претставиме на премиерот на Република Македонија и министрите од неговата Влада. Проектот е наречен ’Сахарајан Македонија’ и ќе се гради на 240 хектари во околината на Охридското Езеро и ќе содржи хотели од светска класа, казина, станбени и рекреативни објекти и терен за голф по меѓународни стандарди, стои во писемната изјава од Канцеларијата на Семанто Рој,  извршен директор и шеф на одделот за меѓународен бизнис на „Сахара Индија Паривар“.

Проектот за комплексот е на британската компанија „Аткинс“, а предвидува изградба на туристичко-станбен комплекс кој ќе содржи објекти за рекреација, одмор, терени за голф, спа центри, марина-хотели, објекти за забава, казино на вода…

Проектот е со целосна еколошка студија.

Факултети.мк

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1