Хрватите и Србите зборуваат ист јазик МАКЕДОНСКИ


Лингвистите од институтот Фрањо Арапович го завршија долгогодишното истражување за јазиците на Јужните Словени. А нивните откритија го демантираат дури и Мирослав Крлежа, објави порталот news-bar.hr 🙂 🙂

Хрватски и Српски не се два одвоени јазика туку се дијалекти од оргиналниот Јужнословенски јазик. Најблизок на тој оргинален јазил е Македонскиот јазик, така да може да се констатира дека јазикот кој се говори во Србија, Босна, Хрватска, Црна Гора е всушност дијалект на Македонскиот јазик, тврдат лингвистите.

,, нашето истражување нема грешка. Не сме биле во право дека имаме два одвоени јазика. Заклучоците се непобитни Србите и Хрватите зборуваат ист јазик – Македонски,, изјави Санда Хам.

Иако звучи убаво и бомбастично сепак се работи за сатирична вест. Порталот news-bar.hr  објавува извртени вести или сатирични вести и е доста популарен во Хрватска. Сепак можеби ако ништо друго ќе ги замисли малку Хрватите и Србите барем на една секунда 🙂 🙂 🙂  А ние ја пренесовме оваа вест малку да не насмее, онака задоволно под ,, мустаќ,,.

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1