Хрватка осомничена за воени злосторства ќе биде екстрадирана од САД во Босна


Хрватската државјанка Азра Башиќ (53), која е осомничена за воени злосторства врз Србите во Дервента, американските власти наскоро ќе ја екстрадираат во Босна, пишува Дневни аваз.

За сега судијата на Федералниот суд во Кентаки, Роберт Вир одлучил дека не постојат никакви бариери за екстрадиција бидејќи ги разгледал доказите кои биле собрани и испратени до обвинителството. Таа е осомничена дека од април до јуни 1992 година  ги злоупотребувала српските затвореници во логорите во областа Дервента.

Ги принудувала да пијат човечка крв и бензин и да клечат на скршено стакло. Еден затвореник убила а за страшното мачење од нејзина страна сведочеле и 26 заробеници кои своите искази ги пратиле во Америка. За сега се чека од Стејт департментот за екстрадиција на Азра, а нејзиниот адвокат Патрик Неш најавил дека ќе побара од повисокиот суд да се разгледа случајот и да се одложи екстрадицијата.

Tags: , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1