Албанците плаќаа 100 евра од ноќ без мака – исповед на Србинките кои беа фатени во бордели во Гостивар


,,На гостите не им давав сексуални услуги, ми плаќаа дружење и муабет. Газдите ми даваа 40 евра на ноќ, од секој коктел кои гостите ќе ми гонарачаа имав 5 евра, а јас не пиев коктел туку сок или чај. Но тие не знаеа. Гостите оставаа и бакшиш – некогаш и по 100 евра,,

 

Вака на македонската полиција М.С им ја опишала својата работа – Србинка која беше протерана од Македонија откако нелегално работела во бордел во западна Македонија, пренесуваат српските медиуми.

Србинките работеле во 4 бордела – сопственици биле Албанци.

Рацијата ,, Зора,, се спровела во борделите Амстердам во Гостивар, Енерџи во Тетово, Европа во Ваксинце кај Куманово и во Ориентал АС во Жеровјане.

Приведени беа 40 девојки од кои 22 Србинки. Сите полнолетни, а меѓу нив имало и студентки. Девојките се депортирани и добија забрана за влез во Македонија.

Девојката М.С од Ниш рекла дека полицијата кога ја уапсила и ги зела и парите кои ги имала заработено.

,, не сакам да зборувам колку пари, ама тоа за во Србија е голема сума. Во Македонија отидов по препорака на пријателка. Таму бев еден месец. Не ми пречеше што газдата и гостите се Албанци, јас добро заработував и не ме малтретираа. Што требаше да црнчам во некоја продавница во Србија за 100 евра месечно, а во Македонија тие пари ги заработував за една вечер и тоа без мака,, изјавила девојката за српските медиуми.

 Меѓу уапсените имало и 3 девојки кои и претходно имале забрана за влез во земјата, а влегле илегално. Тие се задржани во Скопје и можено е да бидат сведоци против газдата кој ги донел за нелегално криумчарење мигранти.

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1