И го исекла стомакот на бремена жена и и го украла бебето (Видео)


Бразилката Дајана дос Сантос (21) и го пресекла стомакот на нејзината сограѓанка Одете Барето (22), во 37 недела од бременоста.

Дајана е очајна и во тешка психичка состојба, откако и соопштиле минатиот месец дека не е трудна, иако претходно верувале во спротивното.

Двете Бразилки се запознале во болницата каде што се спријателиле, а откако Дајана дознала дека не е трудна, односно нејзиниот стомак се зголемувал поради тумор, таа почнала да станува хистерична и скала да има дете по секоја цена.

Откако и двете биле пуштени од болницата, Дајана стигнала во домот на Барето, а во моментот кога и ја отворила вратата, ја удрила со дрвена даска.

Потоа со жилет и го расекла стомакот и го земала бебето. Истрчала надвор со бебето, викајќи пред сите соседи дека штотуку се породила.

Соседите кога ја виделе Барето онесвестена и речиси целосно искрварена на подот, викнале брза помош и полиција и едвај успеале да и го одземат бебето од рацете на Дајана. И бебенцето и мајката биле веднаш префрлени во најблиската болница каде што поминале 15 дена на интезивна грижа.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1