„Ултимат фајтер“ се отрул откако погрешно ја разбрал СМС пораката на својата девојка


Трагичен крај за британскиот боксер Кристофер Форкин кој поради погрешно разбраната СМС пораката, од телефонот на својата девојка извршил самоубиство.

Британскиот ултимат фајтер Кристофер Форкин (23) чии борби во кафез можат да се видат и на Јутјуб, се напил отров и умрел откако ја видел пораката на мобилниот на неговата девојка Пејџ Натали, чија смисла погрешно ја сватил.

Веднаш потоа избила кавга, а Форкин се дерел и плачел, обвинувајќи ја девојката дека е иста како и сите други. Натали му рекла да се смири и отишла да купи цигари.

Но, заборавила да земе пари, па веднаш се вратила и го забележала своето момче како лежи на подот.

Веднаш повикала брза помош, по што Форкин бил префрлен во болница, но, му немало спас. Форкин зад себе остави две дечиња, снимките од неговите борби и мотото на фејсбук профилот:
„Тренирај жестоко, бори се жестоко, играј уште пожестоко. Животот е премногу краток за да се прашуваш „што ако“, па затоа секој ден проживеј го во целост“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1