Седечкиот начин на живот е во пораст во светот. Според научниците од физичка неактивност секоја година умираат околу пет милиони луѓе, ова го објави британскиот медицински магазин „Лансет“ во истражувањето објавено денеска.
Според истражувањето 3 нации во Европа се најмрзеливи, односно две третини од возрасните немаат речиси никаква физичка активност. На листата најмрзеливи се најдоа и Србија и Малта.
63 насто од Британците не се бави доволно со физичка активност. Малтежаните 71,9 насто, а Србите 68,3 насто.
Најактивни се Грците, Естонците и Холанѓаните.
Лекарите велат секој ден е потребна минимум 30 минути умерена физичка активност. Се проценува дека физичката неактивност е причина за седум проценти од случаите на дијабетес 2 и 10 проценти од случаите на рак на дојката и дебелото црево.