И понатаму мистерија: Девојчето родено без крв тргна во училиште! (Видео)


Малата Мејси Вигнес е девојче познато во медицинските кругови. Таа пред четири години е родена без хемоглобин во крвта и успеала да преживее што е единствен таков случај досега забележан во светот.

Деновиве, Мејси ги воодушевила и учителите во основното училиште „Холи Крос“ во близината на ирскиот Траморео. Мејси, раскажува нејзината мајка Ема Вигнес, одлично се снашла во училишните клупи.devojce krv

– Имаше случаи кога бебињата преживуваат со ниво на хемаглобин од четири, но без крв – не. Мејси имаше само мало ниво на плазма – прераскажува мајката Ема која девојчето на свет го донела со царски рез шест недели пред предвидениот термин.

Мејси две недели поминала во инкубатор и секојдневно била на трансфузии со крв и тромбоцити. Нејзиното слабо детско тело се изборило за живот.

Лекарите сè уште не утврдиле што е тоа што предизвикува бебешката крв во потполност да се апсорбира во телото на мајката како што е случајот со мајката и ќерката Вигнес.

Генерално се смета дека причина би можело да биде траумата во бременоста, но Ема на тоа одмавнува со раката.

– Мојата бременост беше во ред сè до 34-та недела. Тогаш добив отоци и сè тргна наопаку – вели Ема. Во нејзиниот случај веројатно дошло до пукање на дел од водењакот што предизвикало апсорпција на крвта од телото на плодот во матката.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1