И хрватската поп-ѕвезда Северина Вучковиќ (42) се одзва на глобалната акција „Ice bucket challenge“ во која славните личности ширум светот се поливаат со кофа студена вода со цел да се подигне свеста и да се соберат донации за луѓето заболени од т.н. амиотрофична латерална склероза.
Откако атрактивната Хрватка се полea со студена вода облечена во костим за капење, таа за следниот „Студен предизвик“ ги номинираше нејзините колеги Горан Бреговиќ, Лепа Брена и Дино Мерлин.
Сексапилната Севе на Јутјуб објави видео од нејзиното спектакуларно полевање во кое беше наводенета од глава до петици, но сепак храбро го издржа овој предизвик.
Погледнете го нејзиното видео.