И сопствениот дом може да ве затруе!?


Загаденоста на воздухот понекогаш е полоша во домот отколку надвор, а една од причините можат да бидат испарливите органски компоненти (ВОК). Тоа се штетни споеви кои испаруваат од новиот мебел, бојата, килимот, а можат да предизвикаат главоболки, мачнина, иритација на очите и грлото, тегоби на кои особено се чувствителни децата. Тие дишат побрзо од возрасните, па затоа и инхалираат повеќе потенцијално лош воздух.

gas maskaМногу средства за чистење се, исто такаш, штетни за респираторниот систем и за кожата на децата, но и на возрасните, особено ако содржат амонијак и хлор.
Затоа, многу подобар избор се сода бикарбоната, врелата вода и лимонот. Но, и освежувачите на воздухот можат да му наштетат на здравјето, односно да предизвикаат тешкотии при дишењето и главоболки.

Поради тоа што некои содржат фталати, треба да се чуваат подалеку од децата, бидејќи лошо влијаат на нивниот раст и развој.

Просториите подобро е да ги „парфемирате“ со свежи гранчиња рузмарин, босилек и нане, и редовно да ги проветрувате. Печењето и варењето на храната во тефлонски садови може да испушта отрови, затоа подобро е да одберете ги оние од нерѓосувачки челик.

Новите килими и подните облоги можат да испуштаат отровни гасови, па по нивното поставување, наредните неколку денови проветрувајте ја просторијата во која се наоѓате.
Во текот на боењето на ѕидовите, задолжително држете ги прозорците отворени, а не се препорачува да се чуваат ниту отворените канти со боја во домот, бидејќи од нив испаруваат отровни гасови.

Plusinfo

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1