Во Липково, место во Македонија кој се наоѓа на само неколку километри од границата со Србија и педесет километри од Врање, поранешни припадници на ОВК формирале воен камп и се закануваат на Македонија и Србија!
Весникот “ALO!”, цитирајќи извори од безбедносните служби, пишшува дека е забележано движење на голем број на македонски специјални сили во тој дел од земјата.
Група вооружени екстремисти, главно ветерани на ОВК, Рамуш Харадинај пред близу 20 дена дошле од Косово и Метохија во местото Липково, само 10 километри од границата со Србија, и таму основале вистински воен логор.
Српски Телеграф, пишува дека ова место е намерно избрано поради тоа што се наоѓа на границата со Македонија, централна Србија и Косово и Метохија, каде што живеат 99 проценти Албанци и околу 350 Срби и 150 Македонци.