Имаше јаже околу врат и секунди го делеа од смрт – го помилува мајката чиј син го убил


Во Иран во последен момент семејството на жртвата на еден осуденик на смрт спречи извршување на смртна казна со бесење.

Осуденикот Балал Абдулаху, пред седум години во едно градче на северот на Исламската Република Иран во караница со нож го убил Абдулах Хосеинзадех, кој тогаш имал 18 години. Тој веќе практично се помирил со судбината – со црн превез на главата и јамка околу вратот чекал да умре.

iran_657041S1-652x320

Но, мајката на Абдулах тврди дека сонувала како нејзиниот син и` зборувал дека сега е на поубаво место и дека не би требало да се свети. Затоа, во склад со шеријатскиот закон, наместо да ја турне столицата под нозете на убиецот, силно го удрила и му ја тргнала јамката од вратот.

Потоа мајката му пришла на убиецот и силно го прегрнала. И двајцата заплакале.

– Пред три дена мојата жена на сон го видела нашиот најстар син кој и` рекол дека се наоѓа на добро место и дека нема смисла да се свети. Тоа, мојата сопруга ја смири и одлучивме заедно да размислиме за се` до денот за најавеното погубување, рекол таткото на жртвата Абдолгхани Хосеинзадех, кој е уверен дека Балал воопшто немал намера да го убие нивниот син.

Што ќе се случува со Балал не е јасно. Според шеријатскиот закон, семејството има право да ја поштеди жртвата од смртна казна, но тоа не значи дека остатокот од животот нема да го помине зад решетки.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1