Имав 2 години кога мајка ми’ ми го пресече гркланот – Па сакаше да ме пече во рерна


27-годишната Сузан Бирч од Квинсленд имала само 2 години кога нејзината мајка и’ ги пресекла гласните жици, имитирајќи жртвен ритуал од Стариот завет.

458174_suzan-birc03foto-privatni-album_ff“Јасно се сеќавам на тој момент кога ножот одеше кон моето лице. Ги кренав рацете со цел да го спречам”, вели Австралијката која за прв пат јавно проговорила за ужасната епизода од детството.

Саботата која засекогаш го обележала нејзиниот живот започнала сосема вообичаено. Нејзиниот татко Џон Ендру гледал крикет на телевизија, а нејзината мајка Линда ги перела ножевите во кујната. Девојчето не ни сонувало дека еден од нив ќе биде употребен на неа.

Кога останале сами, Линда на својата ќерка и облекла чиста пижама и ја седнала на кујнскиот плакар прекриен со јагнешка кожа. Со еден потег и го пресекла вратот, оштетувајќи ги нејзиниот душник и гласните жици.

Според библиската приказна во која Аврам го пали својот син Исак, и Линда сакала да ја испече својата ќерка во рерна.

458176_suzan-birc01foto-facebook_ff“Гласовите во главата на Линда зборувале дека тоа е жртва која мора да се принесе. Во тој момент и се вратил разумот и сфатила дека прави нешто погрешно, па се јавила во полиција. Кога пристигнав дома, полицајците ме известија дека мојата сопруга и’ го пресекла грлото на нашата ќерка”, открил Џон Ендру, кој подоцна дознал дека боледува од шизофренија.

Лекарите од Бризбејн ја подложиле Сузан на трахеостомија, овозможувајќи и да дише со помош на цевки прикачени за дишникот. Почнала да се опоравува, но шансите повторно да проговори биле многу мали. Сепак, по една година, Сузан почнала да зборува со својот татко, а нејзината мајка била ослободена од психијатриската установа.

“Додека растев не зборував многу за инцидентот. Кога имав 13 години, моите родители се разведоа и одлучив да проговорам. Долго се чувствував виновна што не и помогнав на мојата болна мајка, но потоа сфатив дека е најважно да се грижам за себе”, вели Австралијката која во 2007. година престанала да се гледа со својата мајка.

Сузана Бирч денес е писателка, омажена е, и има 2 деца. Има параноја од ножеви, но се обидува да води нормален живот.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1