Полицијата, војската и безбедносните служби уште утрово ја напуштија резиденцијата на украинскиот претседател Виктор Јанукович, па новинарските екипи и граѓаните можеа да се прошетаат низ претседателскиот комплекс. Освен што го видоа позлатениот WC-престол на шефот на државата тие останале запрепастени од богатството кое го имал Јанукович. На огромниот плац има мини-фарма, стаклена градина со банана дрвја, една мала зоолошка градина со ноеви , антилопи и коњи, скапи возила и луксузен мебел.