Индустриите премолчуваат за несаканите ефекти на кантарионот


Популарното растение кое се користи при депресија интерреагира со други лекови. Зошто производителите тоа го премолчуваат?

 

Жолтиот кантарион е мало растение со жолти цветови. Обично се користи во облик на капсули или чај како додаток во исхраната бидејќи ова растение покажало предност во лечењето на блага до умерена депресија. Покрај ова антидепресивно дејство кантарионот покажал и други позитивни ефекти, но изненадува тоа што ја покажал својата негативна страна преку интеракција со некои од најчесто препишуваните фармацевтски антидепресиви на пазарот.

При одредени истражувања било утврдено дека кантарионот го намалува дејството на некои од оралните контрацептиви. Дури постои и сомнеж дека може да предизвика и непланирана бременост (постои случај во кој жена изјавила дека ги користела препишаните контрацептиви повеќе од девет години и дека доживеала непланирана бременост само шест месеци по почетокот на третманот со кантарион).

Но многу лекови имаат потенцијално опасни интеракции. Вистинскиот проблем во овој случај лежи во транспарентноста за потрошувачите – и тој ваш проблем ве враќа директно кај произведувачот.

Во студија објавена во 2008 година која можете да ја погледнете ОВДЕ, биле тестирани 74 различни производи од кантарион и било утврдено дека на помалку од една четвртина од нив на амбалажата стои порака која предупредува на можните интеракции на кантарионот со антидепресивите, а уште повеќе вознемирува фактот дека само на 8 проценти од амбалажите предупредуваат на можни интеракции на кантарионот со производите за контрацепција.

Многу здруженија како Центарот за Науки од Јавен Интерес, се обиделе да ја наговорат ФДА да ја стандардизира амбалажата на производите од кантарион за неговото вистинско влијание врз организмот и за можните опасности. Но бидејќи произведувачите на овие производи не се обврзани со закон да ги предупредат потрошувачите за здравствените ризици поврзани со нивните производи, таквите работи се преќутуваат.

– Тие индустрии се противат на предупредувањата кои би требало да ги ставаат на производите и немаат намера да ја променат ваквата состојба, а тоа само го потврдува нивното уверување дека природните производи се добри за вашето здравје, изјавува Стефен Гарднер од Центаро за Наука од Јавен Интерес.

Зошто регулаторите не ја присилат индустријата за додатоци во исхраната да вклучи ознака за предупредување на своите производи?

Една од големите причини е дека индустријата има моќни сојузници во Вашингтон. Моменталната регулаторна мрачна сила во светот за прехрамбени додатоци, Dietary Supplement Health and Education Act (DSHEA), овозможува податоците да стигнат на потрошувачките полици без да мораат најпрво да ја докажат својата сигурност и влијание на ФДА.

За разлика од лековите на рецепт, ФДА мора да докаже дека производите се несигурни, а не произведувачот кој на прво место мора да докаже дека неговите производи се сигурни за користење. (можеби сте прочитале или слушнале за слабеење со помош на ЕФЕДРА, за која ФДА морала да докажува дека е штетна и да ја забрани на седум години токму затоа што се поврзува со инфаркт, мозочен удар и смрт.

Во 2010 година Сенаторот Џон Меккаин донел закон со кој би се зголемила регулацијата на диеталните додатоци кои би можеле да претставуваат ризик за здравјето. Сенаторот Орин Хач на својата сметка примил повеќе од 888 илјади долари допринос во компанијата од индустрии на производи за здравје од 2002 година. Хач, еден од водечките носители од 1994 година на ДСХЕА има дури и поголема поврзаност со пет поранешни помошници кои лобирале во Вашингтон и кои ги претставувале сопствениците на фармаколошките индустрии и нивните пари.

Не би требало да претставува големо изненадување што набрзо по предлогот на Меккаин, Хач се сретнал со Сенаторот од Аризона за да направат дополнувања во прописите. Писмото може да го прочитате ТУКА.

Во ова писмо објавено по нивната приватна средба, Хач му се заблагодарил на Меккаин за повлекувањето на неговата поддршка „која ќе направи голема штета за индустријата на додатоци во исхраната“.

Скратената верзија на законот на крај поминала, а индустријата за додатоци на исхраната од сето тоа излегла неоштетена.

Поголеми напори за регулирање се направени неодамна. Минатата година Сенаторот Дик Дурбин го претставил новиот закон кој бара додатоците кои може да предизвикаат здравствени проблеми или влегуваат во интеракција со други лекови, како што е кантарионот, во задолжителната ознака да го покажат негативното влијание. Законот се уште не е изгласан но индустријата и понатаму работи со полна пареа благодарение на големата опозиција, посебно благодарение на Хач. Главниот аргумент се чини ќе зависи од потребата за означување на производите добиени од природни извори.

– Додатоците во исхраната во голема мера се засноваат на храната и се сметаат за многу посигурни, па така не треба да бидат означени, изјавил Мајк Грин, потпретседател на државните работи во Council for Responsible Nutrition, индустриски најголема трговска група. На пример на ниту еден грејпфрут не можете да забележите ознака од било чија страна иако тој влегува во интеракција со речиси сите лекови, додава тој во својата изјава.

Дали Дурбиновиот закон ќе помине на сенатот останува да се види. Во меѓувреме Гарднер му контрира на аргументите на Грин.

– Вие не гледате дека луѓето го продаваат грејпфрутот како лек, додава тој.

Видете, не сме заинтересирани да ги запреме луѓето да купуваат кантарион, ако тие знаат што земаат. Но секако дека сме заинтересирани да го запреме тоа, ако ова продолжи да се премолчува. Тие индустрии се во состојба да ги спречат луѓето да добијат одговор на своите прашања. Тоа не е логично и не е фер, вели тој во изјавата.

Tags: , , , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1