Инспекција го срушила Снешко – бил направен без дозвола (Фото)


1104007.74

Мештаните на градот Бистра во Хрватска направиле Снешко, висок шест и широк три метри, но локалните власти го срушиле, затоа што за правење Снешко на јавно место граѓаните немале дозвола

Локалните жители велат дека Снешкото бил голема атракција.

Околу 1.000 деца се сликале со него, но според градоначалникот морал да биде срушен, затоа што бил направен на јавна површина, за што не била побарана дозвола од општината.

-Снешкото е направен речиси на улица. Се плашевме дека кога ќе почне да се топи, капата и металниот нос кои му беа на главата ќе паднат на некој автомобил или да не повреди некој од минувачите.

1102007.73Да прашаа жителите, ќе им дозволевме да градат на паркинг, и ќе им помогнев да го направат-објасни градоначалникот на Бистра, Крешимир Гулиќ.

Мештаните не се сложуваат со тврдењата на Гулиќ, и тврдат дека околу Снешкото ставиле светлосни ознаки за да го видат возачите.

-Го осигуравме со стапови и беше стабилен, немаше никакви шанси да се сруши. Жал ми е што го убивме, затоа на снежниот гроб му ставивме црно знаме. Ако овој викенд падне снег, ќе направиме уште поголем, овој пат на приватен имот- изјави Божо Прша од Бистра.

1108007.74

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1