Интернетот полн со апели за помош за лекување


По медиумите и социјалните мрежи постојано се вртат барања за донации за собирање пари за подобрување на нечие здравје. Бројот на оние што бараат донации, се чини, се намали откако државата определи дека 200 евра ќе биде највисоката партиципација што ќе ја плати болниот, наместо 20 проценти од вкупната сума, како што беше пред повеќе од една година, пишува Нова Македонија.

lekar-broji-evre_mitoНо и понатаму бројот на луѓе со мака е висок.

Медиумите и социјалните мрежи се полни со апели за донации што граѓаните ги бараат за лекување. Тие собираат пари за лекување во странство кај доктор на кој болниот повеќе му верува, за да купат лекови или помагала што кај нас не се на државен трошок, но и за лекување со методи за кои медицината вели дека уште се експериментални, разни испитувања.

Меѓу нив има и случаи што заглавиле во административни процедури кај нас, па собираат пари зашто за нив е драгоцено времето и значи здравје.

Тие со мака често успеваат да добијат помош, но за тоа им се потребни повеќе време и огромна упорност. Голем дел македонски граѓани се филантропи, велат оние што ја следат оваа област, но добро е кога проблемите на луѓето со мака се решаваат системски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1