Инцидент кај Клинички центар, маж нападнат со нож


Едно лице е нападнато со нож пред околу половина час на улицата „Белградска“ зад Клиничкиот центар, дознава Курир.

Од полицијата за Курир велат дека вработен во „Паркинзи“ на Град Скопје бил нападнат со нож. Повредениот побарал лекарска помош во Ургентниот центар каде му е констатирана полесна повреда, расекотина.g_noz

Напаѓачот, дознава Курир е приведен и во тек се разговори со него.

Според најновите податоци до кои дојде Пресс24, крвавиот инцидент кај Клиничкиот Центар во Скопје настанал поради тоа што двајца насилници со својот автомобил сакале да излезат од паркингот кај Клиниките без да платат. Вработениот во ЈП “Паркинзи” културно ги замолил да платат за услугата, но тие одбиле да го послушаат, по што настанала караница и еден од насилниците извадил нож и го прободел вработениот чиј идентитет засега е непознат. За среќа, во близина на местото на настанот се наоѓале полициски службеници кои веднаш ги привеле двајцата напаѓачи, кои се обиделе да избегаат од местото на крвавиот настан.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1