Пронајдена втората црна кутија на авионот на Германвингс


Француското обвинителство соопшти дека била пронајдена втората црна кутија од авионот на Германвингс кој се урна во француските Алпи минатата недела, при што загинаа сите 150 патници.avion nesrekja znak

Според обвинителството, повеќе детали за црната кутија ќе соопштат во текот на денот.

Истражителите меѓу остатоците од авионот се обидуваат да пронајдат и лични работи на жртвите. Првата црна кутија беше веднаш пронајдена откако спасувачките тимови стигнаа на местото на несреќата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1