Инцидент со авионот на Груевски – итно слетал во Цирих


Владината делегација предводена од Премиерот Никола Груевски која се враќала од Стразбур принудно слетала во Цирих – дознава Телма.

Тој додаде дека сите патници се добри и дека надлежните служби треба да ги преземат сите процесни дејства за утврдување на фактите.avion-vladin

Премиерот Груевски и сите патници во авионот се чуствуваат добро – изјави за Телма портпаролот на Владата а авионот е на поправка во Нирнберг.

Како што изјави портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев, премиерот Груевски и сите други патници во авионот се добри, а надлежните служби треба да ги преземат сите дејствија за утврдување на фактите, јавува Сител.

– Според првичните информации, можам да потврдам дека на враќањето од Стразбур се случил дефект во летот на владиниот авион во кој бил и премиерот Груевски со своите соработници по што авионот принудно слетал во Цирих, изјави портпаролот Ѓорѓиев.

Според владиниот портпарол, најверојатно се случила декомпресија на авионот, кој е стар не повеќе од осум години.

– Според информациите кои ги имам, присутни во авионот велат дека се слушнал гласен и продорен звук, по што дошло до пореметување на внатрешниот притисок, а пилотот веднаш се обидел да ја намали висината за да се обиде да го намали притисокот и по протокол за вакви ситуации да го слета авинот на најблискиот аеродром, појасни владиниот портпарол Ѓорѓиев.

Сител

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1